Панос Каменос ја напушта грчката Влада

Коалицискиот партнер во грчката Влада, претседателот на Независни Грци и министер за одбрана на Грција Панос Каменос по средбата со Алексис Ципрас објави дека ја напушта Владатa.

–Имав средба со премиерот и прилично долга дискусија. Соработувавме во изминатите речиси четири години во владата на национално единство и успеавме да ја извлечеме земјата од меморандумите. Првата цел беше постигната. По прашањето за Македонија, нема да си дозволам да не ја жртвувам позицијата. Му се заблагодарив на премиерот. По националното прашање, оваа соработка не може да продолжи. АНЕЛ ја напушта владата, изјавил Каменос.

Деталите ќе ги соопшти на прес-конференција закажана за 12 часот по локално време.