Паника на социјалните мрежи околу трагичната смрт на еден средношколец

Смртта на еден средношколец предизвика паника на социјалните мрежи дека меѓу децата кружи дрога која предизвикува халуцинации и ги тера младите да преземаат екстемни чекори. Од МВР, само потврдуваат дека 18-годишникот во саботата починал, и како што било утврдено причината била паѓање од зграда.   

  • „На 12.03.2023 во СВР Скопје е пријавено дека на плочник пред зграда на подрачјето на Центар е пронајден починат Ј.Т.(18). Извршен е увид од страна на полициски службеници и по насока на Јавен обвинител телото е дадено на обдукција, при што е утврдено дека починал поради повреди настанати од пад од висина“ велат од МВР.

Сомнителната смрт на социјалните мрежи ја сподели професорката Виолета Ачкоска која прашува дали имало повеќе вакви случаи на самоубиства од малолетници.

  • Дали некој знае дека денес се погребува гимназијалец  отруен од дрога ставена во пијалок во кафич. Дали некој знае уште за неколку слични случаи на деца, кои по халуцинација се фрлат од 5- ти спрат и слични самоубиства… Можеби некој знае, но не оваа јавност која се уште е “траурна” од смртта на малата Тамара, нека почива меѓу ангелите“ пушува професорката Ачкоска.

ФБ статусот на професорката стана вирален на социјалните мрежи, на кој коментираше и мајката на 18-годишниот средношколец. Таа се сомнева дека институциите ќе го расчитат случајот на вистинскиот начин.

  • „Детето е ****, мојот син, мојот ангел момче кое беше прекрасен син. Нажалост јас како мајка неуспеав да му се најдам тогаш кога најмногу сум му била потребна. Да се биде родител во оваа „држава“ е многу тешко без поддршка на „институциите“. „Институциите“ сигурно ќе го затворат случајот како самоубиство, затоа што така е најлесно. Моја е вината што тоа го дозволив и што останав тука да ги растам децата. За каде? За во Бутел“, пишува мајката.

Алфа директно праша до МВР дали имало и други вакви случаи со малолетници во изминатиов период, од каде се повикаа на официјалниот став.

Под истиот статус на Ачкоска можат да се забележат бројни коментари кои велат дека ова не бил единствениот ваков случај. Наводно, малотелниците посегнуваат по конзумација на наркотични средства, а најчесто не се информирани што им се дава односно продава.

Иако нема официјален податок, податоците од МВР укажуваат дека во текот на целата година во повеќе градови во Македонија со разни наркотици биле фатени десетици средношколци.

Викторија Миткова

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста