“Паметна“ и подготвена за споделување – батеријата на Галакси С10!

Компанијата Самсунг Електроникс во март ја претстави најновата серија на уреди од семејството Галакси – Самсунг Галакси С10. Во своето најново С10 портфолио сочинето од три неверојатни уреди: Галакси С10+, С10 и С10е, компанијата Самсунг воведе иновации кои се од големо значење за корисниците, меѓу кои посебен акцент беше ставен на батеријата.

Новата технологија на компанијата Самсунг Електроникс за Безжично споделување на енергија овозможува да го користите вашиот Галакси С10 за полнење на компатибилни паметни телефони и уреди за носење без потреба од дополнителни кабли. Тоа претставува едноставен и лесен начин да ги задржите вашите уреди со полна батерија, кога и да било, каде и да било.

Едноставно, зачекорете кон денот без да мислите дали сте земале полнач и без потреба од дополнителни кабли.

Од друга страна пак, за да може вашиот Галакси С10 уред да споделува енергија со други компатибилни уреди, потребно е да има полна батерија (поточно да биде полн барем 30%). Токму затоа, најновата серија на уреди Галакси С10 имаат технологија базирана на Вештачка Интелигенција која ја оптимизира потрошувачката на батеријата според тоа како го користите телефонот. Оваа технологија се фокусира на оние апликации кои не се користат толку често, а кои сепак ја трошат батеријата. Затоа, за да се лимитираат тие апликации, беше создадена технологија базирана на Вештачка Интелигенција која ги организира апликациите во различни категории како на пример “често користени“, “само во некои случаи користени“, “ретко користени“.

Тимот на Самсунг, исто така, овозможи режим за адаптирано чување на батеријата на уредот кој се активира автоматски според тоа како се користи уредот од страна на корисникот. На пример, ако корисникот го користи неговиот телефон 30 минути по патот до неговата работа, тогаш режимот за адаптирано чување на батеријата автоматски ќе се вклучи доколку се продолжи со користење на уредот по истекот на тие 30 мин. Затоа што овој режим е базиран на Вештачка Интелигенција, колку повеќе се користи – станува поточен, попрецизен.