Памела Андерсон во одбрана на Асанж

Холивудската глумица Памела Андерсон ги нарече денеска САД, Велика Британија и Еквадор „ѓаволи, лажговци и крадци“, бидејќи нејзиниот пријател, основачот на Викиликс, Џулијан Асанж е уапсен во амбасадата на Еквадор во Лондон.

– И вие ќе скапете. А ние ќе се исправиме, порача Андересон на Твитер.

Таа додаде дека е шокирана поради апсењето на Асанж, оценувајќи дека на снимката на која се гледа како го изнесуваат од зградата на Амбасадата и го внесуваат во полициско возило, тој изгледал многу лошо.

– Како можеше Еквадоре?, запраша актерката, а потоа одговори: „Затоа што ве разоткри?“. Истото прашање и го постави и Велика Британија.

– Секако, ти си американска к***а и треба да го свртиш вниманието од твоето идиотско Брегзит с***е, нагласи Андерсон.

Кога станува збор за САД, напишала: „Оваа токсична кукавица од претседател, тој треба да ја собере својата база? Ти си себичен и поради тебе целиот свет назадува“.

Асанж (47) е уапсен денеска во Амбасадата на Еквадор во Лондон, бидејќи Владата на таа земја му го укина азилот.