НАЈНОВИ ВЕСТИ

Пад на Македонската берза за 13 %

Справувањето со енергетската криза нема да биде лесно, населението, јавниот и приватниот сектор да штедат и да се воздржуваат од трошење на електрична енергија. Македонија не е изолирана од тоа што се случува светските и екомски пазари, вели министерот за финансии Бесими, прашан дали државата е моќна да им излезе во пресрет и да им помогне ,бидејќи сметките за електрична енергија се огромни. Новата нормала ,вели тој, после ковид пандемија е да се прилагодиме да живееме во услови на енергетска криза.

Секој на свој начит ќе треба да придонесе со заштеди на електрична енергија, со други начини на воздржување на потрошувачка на енергија но и на генерално прилагодување на овие нови прилики на пазарот за да може и јавниот и приватниот секотор и граѓаните да излеземе со помалку штета со целава ситуација со енергетската криза.Инаку кога викаме дали државата ќе го поддржи, тоа значи дека или повисоки даноци или поголемо задолжување – изјави Бесими.

Енергетиката меѓудругото е топ тема и на овогодишната конференцијата на Македонска берза. Првиот човерк на берзата Штериев зборуваше за тоа какво е финасиското работење на банките и компаниите кои тргуваат на берза од областа на фармацијата,телекомуникацискиот сектор, градежништвото  во услови на општа криза и дали има откажување на инвеститори?

Имаме намалување на прометот оваа година на пример во тргувањето со акции е намалено за 13 % во споредба со истиот период лани, така да тие состојби секако се одразуваат на р.н. пазарен сентимент, на динамиката на тргување и ќе иаме релативно послаба година во споредба со претходните две.Тие беа две најдобри години во последната деценија,така да имаме влошување, но не е драматично – изјави директорот на Македонска берза, Иван Штериев.

Прометот на македонска берза оваа година изнесува до сега 92 милиони евра, тоа споредено со последните неколку години е одредено намалување.Прометот ако заврши со оваа динамика, ќе биде во златна средина ако се гледаат нашите прилики во последната децениија.Цените на акциите се намалени како и на другите регионални и глобални берзи каде што падовите на цени се уште поголеми-вели Штериев.

Росица Голабоска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста