Падни – стани: Системот за електронско пријавување на идните средношколци уште не функционира

Полуматурантите се уште не можат електронски да се запишат во средно. Повторно проблеми со интернет страницата – час работи час не. Иако министерот за образование Јетон Шаќири на големо ги најавуваше електронските уписи во средните училишта,  по се изгледа дигитализацијата во образованието која ја промовираше и неговата претходничка тешко им оди. Додека властите се фалат дека ги следат трендовите со дигитализација, работата на терен е сосема поинаква. Родители се жалат дека веќе четврти ден имаат проблем со електронските уписи – некои не можат да се запишат воопшто, а други успеваат дури по неколку часовни обиди.

Проблеми имаше и претходно. Полуматурантите не можат он лајн , да аплицираат за упис во средно училиште, уште од првиот ден кога започна да тече рокот за уписи бидејќи не можеше да се отвори интернет страницата на која е објавен електорнскиот дневник, во кој пак треба да ги има внесено крајните оценки за завршено деветто одделение.

Од Министерството за образование пак велат дека системот бил функционален и без никаков проблем се завршувала процедурата. Доколку истата се одолговлечи, веројатно причината била преоптовареност на системот.

Уписите започнаа на 10 јуни и ќе траат до утре до 15 часот. Потребно е да се пополни пријава и електронски да се аплицира за запишување во средните училишта за учебната 2022/2023 година. Но кај родителите постои неизвесност дали ќе стигнат навреме да ги запишат своите деца во средно училиште. Овој начин на упис за прв пат е воведен  годинава, со ветување дека нема да одземе повеќе од 5 до 10 минути и ќе го замени метежот во училиштата иако засега тоа не е така. Дигиталните уписи беа промовирани во рамки на  проектот „Дигитализација на услуги во образовниот сектор“, поддржан од Владата на Обединетото Кралство преку Британската амбасада во Скопје.

https://www.youtube.com/watch?v=8awen2Zfpzs
КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста