ОЈО Скопје: Големата брзина и лошите сопирачки причина за несреќата кај Ласкарци

Основното јавно обвинителство Скопје денес на прес-конференција соопшти детали за страшната сообраќајна несреќа која се случи кај с. Ласкарци.

Надлежниот јавен обвинител Сашо Рајчев соопшти дека во текот на истрагата е утврдено дека шоферот го управувал автобусот со брзина поголема од дозволената – 99 километри на час, како и дека функционалноста на сопирачките била под дозволениот минимум.

„Вештите лица кажуваат дека шоферот изгубил контрола над управувачот, а придонес за тоа се брзината и потоа во одбегнувањето на незгодата, неисправноста на сопирачките за да го запре автобусот.“, вели обвинителот Рајчев.

„Сопирачките не работеле според пропишаните стандарди за автобуси, делумно работеле, но не со капацитет којшто е потребен за нормално фунцкионирање“, додава тој.

Утрово беа уапсени шестмина во врска со оваа несреќа, меѓу кои и шоферот на автобусот и сопственикот на Дурмо-турс. За шестмина осомничени ОЈО Скопје бара определување мерка притвор, а за едно лице мерки на претпазливост.

НАСКОРО ПОВЕЌЕ ИНФОРМАЦИИ