Очигледно сите малцинства во соседството се Бугари за Софија: За Џамбаски и Скендербег бил Бугарин

Очигледно секаде во соседството македонските ама и другите малцинствата се Бугари, барем за бугарскиот европратеник Ангел Џамбаски. Покрај обидите за присвојување на се што е македонско, тој си го присвои и Скендербег. Од центарот на Приштина преку видео обраќање, порача дека оваа историска личност по мајка бил Бугарин, но и дека во Косово имало многу Бугари.

-Нашата посета тука со мојот соработник Александар Сиди и со групата, со која се собравме денеска да бидеме во Приштина е следната: како што мајката на Георги Кастриот има бугарско потекло, така и овде во Косово има многу наши соборци, многу наши истомеслиници, многу наши сонародници, Бугари по потекло. Тие се Муслимани и Христијани. Живеат во општините Кукеска Гора и Жупа. Некои ги нарекуваат Горани, но голема чест е што тие имаат бугарско национално самосознание, порача Џамбаски.

Интересно е што жестоки реакции за демантирање на Џамбаски нема, иако неговото видео не е ново, туку стои на интернет веќе извесно време. Провокациите од бугарскиот европратеник од ВМРО БНД се секојдневни. Не испушта прилика да нагласи дека Македонија е бугарска земја.

-Македонија е бугарска. Факт за кој не треба доказ. Факт кој Зоран Заев го заборава кога е во Скопје. А тој се сеќава само кога бара нешто. Бугарија отсекогаш ја сакала Македонија. Но, Бугарија не треба да биде уценувана! Пријателството се гради со доверба и постојаност, порача Џамбаски.

За Џамбаски и Охрид стана бугарски град. Тогаш во предизборна кампања порача дека Македонија имала времени владетели кои во моментов биле во таа бугарска држава, кажувајќи дека Охрид бил бугарска престолнина.

-Колку повеќе лажете толку повеќе вистината ќе сјае. Колку похистерично ја мразите Софија, толку побугарски ви станува Охрид. Колку посилно ги кажувате вашите лаги, толку побрз и поужасен ќе биде вашиот крај. Заев, почитувани, колку и да се вртиш, Македонија е бугарска. И колку и да се вртиш Албанија ви е од запад, изјави Џамбаски.

Истиот тој Џамбаски секојдневно тврди и дека не постои македонско малцинство во Бугарија, иако јасен факт е дека и од другата страна на источната граница има голем број Македонци.

-Тие наводно се подготвувале да се борат против корупцијата, а излезе да ја прашаат власта во Бугарија за правата на сексуалните и етничките малцинства, вклучувајќи го и македонското. Во Бугарија, немало, нема и не може да има македонско малцинство, ни порача Џамбаски.

Она што е проблематично е што на сите вакви зборови на бугарскиот преставник во Европскиот Парламент, од Македонија нема речиси никаква реакција. Сите провокации од негова страна минуваат без никаква реакција од властите во Скопје.

Матеја Петровски