Очајни патишта, хаос на гранични премини, затворени железнички линии, Македонија инфраструктурно тоне

Километарски гужви на граници, железнички линии во прекини, а патиштата за транзит од еден во друг град  во Македонија се чиста авантура – вака одприлика изгледа сообраќајот во државава.

Среде лето, македонските превозници со часови заглавени во  20 километарски колони на граничните премини. Од Независниот синдикат на професионални возачи информираат дека километарски колони има на ГП Табановце, но и  на ГП Блаце и од Македонска и од Косовска страна.  Според информаци од превозниците , застојот на „Блаце“ бил поради застарениот систем на царинскиот терминал.

За застоите на Граничните премини Синдикатот реагира веќе подолг период, но немаат никаков одговор од Министерството за транспорт и врски до кое испратиле и писмен допис. Даваат рок од седум дена да се преземе нешто , а во спротивно најавуваат целосна блокада на сите гранични премини.

И не само за да се премине граница, проблеми со транспоротот има и во делот на железницата. Поради недостаток на машиновозачи линијата Скопје – Табановце – Скопје е во прекин. Жителите на Куманово и на околкните села пред се на Табановце и Романовце се пожалија дека не можат да стигнат до Скопје.  Од македонски железници се правдаат дека имале проблеми со персоналот. Правеле напори да се нормализира линијата ама во текот на наредниот месец

– Линијата Скопје – Табановце е во прекин од 23.06.2022 година поради недостаток на машиновозачи. Правиме напори линијата Скопје – Табановце – Скопје да се нормализира во август 2022 година, кусо информираа од ЖРСМ Транспорт АД – Скопје, велат од Македонски железници.

Ништо подобра не е состојбата ниту во внатрешноста, посебно во делот на патната мрежа. На пример со автопатот Кичево – Охрид во должина од 57 километри за кој чекаме веќе 8 години да заврши изградбата, а во меѓувреме сообраќајот се одвива по ископан асвалт, дупки и небезбеден пат.

Кристина Алексиеска

Поврзани вести