Охриѓани на нозе откако власта им го затвори патот на влезот во градот

Четирисет и пет дневното затворање на главната сообраќајна артерија- делницата од Подмоље до Охрид и пренасочување на сообраќајот на стариот пат кој е небезбеден и нема капацитет да го реализира напливот на собраќај во сезоната, ги запали социјалните мрежи.Ако надлежните не ја повлечат ваквата крајно непромислена одлука,охриѓани се подготвени да го блокираат влезот во Охрид, а се организираат и да поднесат тужби против државата за загрозување на животот на граѓаните. Силни реакции стигнуваат и од туристичката фела.

“Автобусите со туристи од аеродром до хотелите во градот вчера патуваа два и пол часа,колку што трае авионскиот лет од Амстердам до Охрид. Што е ова ако не опструкција и намерно уништување на туризмот! Од 2014 година се гради автопатот од Кичево до Охрид и токму сега кога треба секторот туризам да ја одработи сезоната се сетија дека треба да ни го затворат патот”-револтирани се туристичките работници.
Градоначалникот Пецаков со апел до министрите за транспорт и врски и оној за внатрешни работи да ја преиспитаат одлуката и реконструкцијата на делницата да ја одложат до 15-ти септември или почеток на месец октомври.

Не е периодот сега за затворање, посебно кога на колегиум  кој што се одржал помеѓу изведувачи, инвеститори ,општина Охрид, полиција заедничкиот став бил да не се затвора и да не се пренасочува, тие сепак го направија тоа.Поголема катастрофа за Охрид ниту можеше ниту пак некогаш ми се чини дека ќе биде направена после ова.Огромна штета ќе е за самиот град за туристите кои што доаѓаат, а најголем проблем секако за жителите и недај Боже оние кои имаат потреба од Брза помош или било какво итно излегување од градот”-вели градоначалникот Пецаков.

За ова се огласија и од министерството за транаспорт и врски.

ТЕЛОП Министерство за транспорт и врски: Реакциите на градоначалникот на општината се лицемерни и неприфатливи посебно кога станува збор за истиот градоначалник кој постојано повикува на забрзување на градежните работи на истиот автопат. Автопатската делница од Кичево до Охрид се гради со потребната динамика и нема да дозволиме ничија опструкција да ја блокира реализацијата на овој проект.”

Инаку за автопатот Охрид-Кичево кој се гради безмалку една деценија,а требаше да биде готова во 2018-та,министерот Бочварски уверува дека ќе бил готов до крајот на годинава.Но вицепремиерот Груби неодма рече дека неговото завршување ќе биде на пролет догодина, ставајќи го под знак прашалник завршувањето на овој проект во предвидениот рок што отвора  простор и за нов анекс на договорот.

Новинар Росица Голабоска 

Снимател,монтажа Златко Маневски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста