Охриѓани го одбележаа Денот на рибарите

Со охридска страогратска песна, пача и рибна чорба на гратскиот плоштад денеска се прославуваше. Ден по големиот христијански празник Богојавление Водици, Охрид традиционално го прославува денот на рибарите. Во казан од три тони, од охридското средно угостителско училиште „Ванчо Питошески” подготвуваа рибна чорба, доволно за да ја вкусат 5000 посетители на манифестацијата. Мајсторски,од 500 кг морска риба лосос и ослич, се направи тон и пол рибна чорба.

Охридска рибна чорба без пастрмка не ја бидува – велат старите охриѓани, но на овој ден, секој ќе касне, додаваат од професорите од угостителското училиште. Поради истребувањето на ендемичните видови риба, пастрмка нема ни за лек, а не пак за чорба.

Чорбата ја подготвуваа 40 раце, а учениците вредно и со заволство работеле, иако утринава лошото време им создавало проблеми, чорбата беше на време готова.

Цел ден на плоштадот свиреа и пееа старогратски песни, а за да „лизга“ песната, се точеше греана ракија и вино. Охриѓани се испотепаа, со тенџериња в раце чекаа ред за чорба.

Дел од чорбата беше наменет за 70 социјално загрозени семејства, на инвалидизирани лица кои што не можат да присуствуваат на овој настан.

Со симболично капење во езерските води се одбележа пуштањето на ловот на пастрмката. На оваа атракција која се организира на Свети Јован, охриѓани плетат приказни поврзани со рибарите. Овој ритуал, рибарите го почитуваат и со воодушевување го чекаат, бидејќи скокаат од својата најрана воздраст. Најголемата риба уловена во водите на Охридското езеро на 12 јануари 1971 година, била тешка 22 кг. За старите еснафски семејства, ова е вистинско доживување.

Росица Голабоска