Охриѓани гневни – „Бугарско здружение“ со името „Цар Борис“ не ни треба

Четири месеци по отворањето на бугарскиот културно информативен центар „Балкански хоризонти“ во Охрид,охриѓани стаписани од информацијата дека скоро една година во лулката на словенската писменост фукционира бугарско здружение кое го носи името на бугарскиот цар Борис III. Како што велат поколониците на неговиот лик и дело, го основале со цел да ја негуваат бугарската култура во Македонија- иако малкумина јавно и пред камера сакаа да зборуваат,ова предизвика гнев и лутина кај охриѓани.

АНКЕТА: 1. Такво здружение не ни треба нас,јас сум во Македонија роден,Македонија е од македонците не е од Бугарите.Ние имаме друга култура, ние македонците сме мек народ.Бугарите заборавија, Бог да го прости дедо ми кажуваше тие десет пати маваа,еднаш го броеа.Бугарите треба да се смират,да си живеат, да не се караме ,да не не’ потценуваат ,ние сме родени во Македонија,ако треба и животот ќе го дадеме за Македонија; 2. Македонија си е Македонија,во Македонија живеат православни,живеат муслимани многу и така лесно не може да се прошири Бугарија овде во Македонија со збор се прави но тоа нема шанси, бидете сто посто сигурни за ова што го велам; 3.Ич не ме прашувај.Зошто ..; 4.Никако знаеш што е никако.81 година имам и дедо и баба се’ тоа виделе бугари, не !; 5.Вчера имавме информација дека во Охрид се отвори уште едно бугарско здружение, како го коментирате тоа ? Никако; 6.Немам комнетар, немам ; 7.За мене е се исто,кога одиш во црква иста слика има.

Томе Блажески,претседателот на здружението Цар Борис III тврди дека имаат големо членство и дека дел од нив имаат двојно државјанство и македонско и бугарско,но отворено кажува дека има и такви кои се декларираат исклучиво како бугари. Дирекно го прашаваме дали неговото делување не е газење врз македонштината и како се чувстува како бугарин или македонец ?Јас ја почитувам македонската нација вели,но сум бугарин од Македонија. Тврди дека здужението го финасирало членството но и дека имаат донации и од Бугарија. Додава дека немаат намера здружението да го шират и во другите градови,но истакнува како што вели дека се стари пријатели со членовите од другите бугарски здруженија во Македонија.Ние со бугарите вели зборуваме на ист јазик, само дијалектот ни е различен.

Инаку, во Централниот регоистар е стои дека здружението е формирано во ноември 2021 година,но на посочената локација во населбата Воска немаше седиште на здружението.

Росица Голабоска