Охрид: 40 година без пристап до дома, ништо од проектираната пристапна улица

Наместо како луѓе, во семејниот дом 4 децении влегуваме како кучиња оти патеката која води до куќниот праг е широка само 60 сантиметри-вели охриѓанецот Славе Трајаноски кој во далечната 1985 година изградил куќа во центарот на градот,врз основа на урбанистички план кој предвидувал отоворање на улица која ќе му обезбеди пристап до дома. Годините минувале,на атрактивниот простор една до една се граделе нови куќи,некои од нив и на диво-но никој не ги санкционарал, а изградбата на планираниот пат било одамна заборавена приказна.

Сето ова што до сега не е решено по урбанистичкиот план кој е тогаш донесен и по кој ние изгадивме објект, по се’ изгледа е во прашање или корупција или нешто друго. Одредени личности кои беа на положај, го користеа положајот и си носеа такви решенија какви што му одговараат на тој кој го прекршил законот вели Славе Трајаноски.

Семејството Трајаноски дома доаѓале минувајќи низ соседниот имот,кој повеќе не можат да го користат, бидејќи деновиве сопственикот го заградил и тие сега буквално нема како да влезат во сопствената куќа.

Не знам ,многу пати мои пријатели ми велат купи си хеликоптер па влези си со хеликоптер, друго чаре немаш, рече Славе Трајаноски.

Имам веќе 74 години утре може да ме снајде да треба брза помош, нема од каде да влезе. Имавме таков случај пред 10 години, свекрвата беше болна, немаше од каде да влезе брза помош така да бевме приморани на викенд столица да ја ставиме и преку прозорец да ја извадиме низ оваа патека до на улица за да и се укаже прва помош рече Љубица Трајаноска.

Наследив 50-тина предмети кои чекаат ескпропријација,а во општинската каса нема пари за да се решат одеднаш,вели градоначалникот Пецаков кој знае за проблемот на Трајаноски. Сето ова е последица на долгогодишното урбанистичкото дивеење во градот, вели тој ,дополнувајќи дека ќе се обидат да најдат привремено решение додека не се направи ветената улица која ќе води до куќата на семјеството Трајаноски.

Росица Голабоска

Advertisements