Охрид ја губи автентичноста – нема државна стратегија за негова заштита

Охрид со децении ја губи афтентичноста, немањето државна стратегија за зачување на Охрид во прв ред како заштитена културна целина, придонесе да се уништат традиционалните вредности на градот.

Експертите од УНЕСКО одамна ги исцртаа црвените линии,во неколку наврати потенцираа дека и несоодветната конзервација и реставрација на заштитените подрачја и објекти може да биде причина број еден поради која веќе нема да го толерираат Охрид. Градот се соочува со серизони проблеми кои го загрозуваат вредното светско наследство.

Архитектот Димитар Зарчев кој своевремено како Претседател на тогашното Собрание на општна Охрид, бил вклучен во постапката за прогласување на Охрид како град на Унеско, отворено зборува несоодветна санација на објекти кои преставуваат културно богатство.

Злоупотребувајќи ја власта, од позиција на моќ вели, институциите и локални и централни кршејќи ги основните прописи, не спроведувајќи ја пропишаната регулатива, измислуваат нови копцепти за развој на градот, без притоа да го координираат огромното културно наследство поради кое Охрид е примен под Унеско како 4 град во светот.

Инаку, за потсетување, Центарот за светско наследство се уште чека државата да достави сеопфатен акциски план за интегрирана заштита на старото гратско јадро и план за управување со природното и културното наследство.

Росица Голабоска