НАЈНОВИ ВЕСТИ

Охрид преполн со туристи

0хрид го живее шпицот на туристичката сезона кој вообичаено започнува после 20 јули. Преку ден плажите долж Охридско Езеро преполни со туристи, како домашни, така и странски.

Во попладневните и вечерните часови зголема раздвиженост може да се забележи покрај кејот, низ чаршијата, а место плус се бара и во кафетариите и рестораните.

Дополнително покрај високите температури кои го зафатија нашиот регион овој период, причина плус за големата исполнетост се и бројните културни настани и манифестации, но и бројните фестивали и ноќни забави. Програма се нуди за сечиј вкус и возраст.

Дека Охрид е преполн со туристи говорат и последните податоци изнесени од Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот според кои во Охридскиот регион исполнетоста како во приватното сместување, така и во хотелските капацитети е 90%.