Охрид прекрасен новогодишно, туристите ги наполнија приватните капацитети

Охрид како во бајка-под ѕвездено небо од илјадници светилки,градот ги живее послените часови од годинава, се’ е подготвено за најубавата ноќ.И додека сите броиме ситно, Охрид ги брои гостите кои новогодишно празнуваат на риверата.Убавото време го наполни шеталиштето,а во препознатлива празнична врева, врие плоташтадот и чаршијата – најбројни се гостите од опкружувањето. Приватните сместувачки капацитети и оние неколку хотели кои одлучија да работат за нова година, крцкаат полни. Нема слободни апартмани нити во хотелите каде празничниот аранжман чини над 700 евра.

„Убаво е многу ни се допаѓа,одлучивме оваа година малку да промениме да видиме како е кај Вас овде во Македонија. Не ни беше висока цената на аранжманот, поволно е, со оглед на тоа што е организиран и дочекот

Дојдовме организирано преку агенција, гледав фотографии и Охрид ми се виде многу убав.И навистина е така, ќе останеме 4-5 дена,а вечер ќе се журкаме во ноќен клуб ; 3.Ова е многу интересно патување и најдобар избор за нова година.Многу е убаво, ова беше најефтина опција во однос на другите европски градови“ – велат туристите.

Последнава деценија интересот за новогодишно празнување во Охрид е голем. Во однос на останатите центри на Балканот,нашата туристичка мека станува ефтина дестинација,тријат раце туристичките водичи.

„Мислам дека нема водич кој што нема група овие денови,така да сме презафартени до 3-ти, а некои остануваат до 5-ти.Најмногу се од нашево поднебје Балканско, Романија, Србија, Хрватска, Црна Гора и Албанија,има и од Грција“ – вели Љупчо Јузмески-туристички водич.

И Годинава не изостана уникатноста на охридските нуркачи, кои 20 години по ред ја наговестуваат новата година и божиќните празници со китење елка под вода.

На гостите нема да им недостига забава, на гратскиот плоштад во преубавиот езерски амбиент, во новата 2023-та година ќе не внесат Петар Нечески, Ѓоко Танески, Ефто Пупиноски,потоа  Миле Кузманоски и ред други естрадни уметници. На плоштадот се е подготвено за најлудата ноќ,но има време за бакнежи и прегратки,штом падне мрак, забавата ќе почне .

Инаку новогодишната програма започна напладне со настап на фолклорни ансамбли, мјузикл и театарска престава за најмладите.

Новинар Росица Голабоска

Advertisements