Охрид преживеа една од послабите туристички сезони

Наместо да се направи дипломатска офанзива кон туроператорите кои што традиционално носат туристи во Македонија,институциите потполно затаија и не изнајдоа начин да ја подобрат видливоста на дестинацијата. Поради тоа Охрид ја доживеа една од послабите туристички сезони во последната деценија-ценат туризмолозите. Македонија велат беше изоставена дури и од балканските кружни тури.

– „Оваа сезона навистина беше една од најлошите во последните 3 години, значи дури за време на пандемијата еден добар дел од колегите имаа ангажмани.Додека пак оваа година туризмот во Охрид се базираше општо на младата популација, претежно домашни посетители кои што не можат ни да се наречат вистински туристички потрошувачи.“ – Изјави проф-др. Климент Наумов од ФТУ.

Ова лето практично беше бледа копија на изминатите две кога коронавирусот го сотре туризмот.Сега пандемијата спласна,но спласнаа и очекувањата на туристичките работници бидејќи на ривиерата отсуствуваа странски туристи кои до 2019-та ги полнеа хотелските капацитети од месец мај до октомври.

– „Скромно,не се тоа екстра гости кои премногу можат да платат, но добро е оставаат нешто, се снаоѓаме 00.28+00.38 Во секој случај беа повисоки очекувањата, не можеме да споредиме затоа што малку и економска криза е.“ – Истакна бродарот Љупчо Ѓорѓиоски.

И додека на пример соседна Албанија од туризам,само во првите 6 месеци од годинава остварила приходи во висина од 1,13 милијарди евра,Македонија остварува катастрофално ниски приходи.Оваа стопанска гранка за разлика од останатите земји во регионов, кај нас, не е значаен фактор за прогресивен економски раст-истакнуваат туризмолозите.

– „Затоа што сеуште имаме бирократизирани процеси, затоа што третманот на туризмот во Македонија е навистина на ниско ниво и затоа што суштински не се разгледуваат барањата на коморите и на еснафот и истите не се решаваат.Имаме ситуации каде што се вадат од контекст податоци кои што се надвор од реалноста и далеку од реалноста и истите се прикажуваат како успех. Исто така имаме и симулирање на активности кои што не значат ништо за туризмот. – Изјави туроператорот Асим Меѓедовиќ.

Државниот завод за статистика објави дека по број на ноќевања,во јули 74,3 проценти биле од домашните туристи, а 25,7 проценти од странските.Но дека не е се’ така црно ни покажаа стотици кампери од земјава и странство кои крајот на летната сезона во Љубаништа го одбележаа со музика, огномет и полноќно капење во езерото, а се пуштаа и хартиени фенери со оган.

Новинар Росица Голабоска
Снимател,монтажа Златко Маневски