Охрид оваа лето финансиски нема да подржува концерти

Во текот на летото, односно од 15 јули до 15 август општина Охрид финансиски нема да поддржува концерти и јавни настани-одлука која едногласно ја донесоа градските советници. В.Д.градоначалникот најави декаизнајмувањето на просторот за одржување на настани на СРЦ „Билјанини извори“ од догодина,ќе се врши со организирање на јавна аукција.Тој кажа дека дел од организаторите на концертите патот до општината го наоѓале само кога требало да го лапнат спортскиот центар за настап на познати естрадни ѕвезди, а кога требало да се плати,никаде ги немало.Обврските кон ЈП „Билјанини извори“ останувале неподмирени.

Сите оние силни манифестации кои се случуваат во лето да се распределат во останатите месеци од годината-градот и државата да осмислат добра промоција која не се прави во 5 миниту до 12, едногласни се туристичките работници.

Охрид како град има потреба квалитативно да ја зголеми понудата и во зима,оти туризмот не се случува случајно, категорични се туризмолозите.

Треба да се направи долгорочна стратегија велат туристичките експерти, во спротивно Охрид и понатаму ќе чмале празен половина година, а хотелите како и сега,ќе работат само од месец април до октомври. Во функција на продолжување на туристичката сезона,општината ќе поддржува само настани надвор од шпицот на летото.

Росица Голабоска