Охрид „крцка“ за продолжениот празничен викенд

Македонскиот бисер Охрид кој е меѓу само 28-те места во светот кои се на листата на УНЕСКО поради природните и културни богатства,никого не остава рамнодушен. Покрај домашните и гостите од опкружувањето на риверата е забележливо присуство и на гости од европските, азиските земји, САД и Далечниот Исток.Хотелите се речиси целосно исполнети. Широка насмевка ги краси лицата на странските туристи чиј пат ги навел во Охрид.
АНКЕТА ( Прв пат сме во Охрид,ќе останеме 3 дена, бидејќи не чека долг пат,5 месеци патуваме низ Европа.И ние доаѓаме од француски град кој е под капата на Унеско, затоа знаеме што е убавина; 2. Ми се допаѓа Македонија,Охрид има прекрасни планини,езеро и иако го сакам адреналинот,овој пат нема да се искапам оти водата е ладна; 3. Овде сум веќе еден месец, ова е рај.Едноставен живот, вкусна храна,прекрасен панорамски поглед.Стекнав пријатели овде така што ќе доаѓам секоја година додека сум жив.Јас сум од Тексас,но во Охрид се чувствувам како дома;4.Јас сум со пријатели од Германија и тие се многу задоволни и велат секогаш би дошле пак.Но има едно правило,ако немаш доволно за местото каде што одиш да се прошеташ, остани дома)
Вљубениците во Охрид ја вдишуваат убавината на големото плаветнило, крстарејќи по езерската шир.Цените се повисоки за околу 20 %,но пловилата не одат на вода, велат бродарите. Зачудувачки-раскажуваат но некои, се’ ги интересира,највеќе историјата но и политиката.
“Јас им објаснувам дека таму е Радожда, последното македонско село, а тие ме корегираат дека е Северна Македонија.Јас им кажувам дека за мене е Македонија,а за нив нека биде како што сакаат тие.Исто за Бугарија, за Кирил и Методиј тие велат дека се нивни,јас им кажувам дека се сесловенски”-вели бродарот Зоран Ангелоски
Еснафот на угостители се стремат понудата да ја подигнат на повисоко ниво за да се привлечат што повеќе гости.
” Се надеваме дека ќе оставиме како град и како туристичка одредница убав впечаток кај нашите посетители со тоа што ќе ги натераме на некој начин и во иднина да не посетуваат и да споделуваат убави искуства од нашиот град”-вели Михаил Мишев од еснафот на угостители.
Охрид не обврза секоја година да доаѓаме и не само тоа, си ветивме дека ќе доаѓаме побројни-да се дружиме со вас, да се спријателиме-велат нашите соговорници.
Росица Голабоска