Охридско езеро: Повторно заматена вода кај Билјанини извори

Повторно заматена езерската водаво месноста Мазија, кај Едриличарскиот сојуз кој се наоѓа веднаш до мостот кај каналот Билјанини извори. Не само што се чувствува непријатна миризба, туку од почетокот на годинава,практично цели 8 месеци анализите на Центарот за јавно здравје покажуваат дека на одредени делови од крајбрежјето езерската вода не смее да се употребува дури и за спортови на вода бидејќи е од 5-та класа. Најголемо загадување е детектирано токму кај едриличарскиот сојуз.Она што загрижува е што таму секојдневно едрат деца,а водите што последниот пат се земени за испитување и од самите канали и од плиткиот дел на езерото покажуваат класификација која е многу загадена ,хипертрофична вода-потенцираат од Центарот за јавно здравје,кои пред 3 месеци го вклучија алармот.

Таму дефинитивно Едриличарски сојуз не треба да постои, едрилица во вода не треба да се стави.5-та класа беше повторно од цевката која што атмосферска вода треба да носи, а таму шика вода со фекалии.Па јас не знам до сега жолтица како не добиле тие мене не ми е јасно – изјави д-р Лидија Симоноска-Центар за јавно здравје Охрид.

Со локацијата стопанисува Ј.П” Билјанини извори” од каде велат дека за проблемот постојано го известувале Ј.П. “Нискограда”. Од таму пак уверуваат дека дефектот на фекална канализација кој бил лоциран од страна на Државниот инспекторат на почетокот од  годинава е отстранет во пролетта 2022 година, така што во целиот период до денес нема никаков проблем и испуштање на фекалии во езерото.Во дописот кој ни го испратија стои и следново:

На ден 02.12.2022 год. заматената вода која се јавила кај Едриличарскиот клуб  не е од фекално потекло, туку е заматена атмосферска вода која се јавила поради дефект на водоводна линија на ул. „ Питу Гули “. При отстранување на дефектот  испумпана е вода во системот за одведување на атмосферки води кај испустот кај Едриличарскиот клуб чиј реципиент е Езерото – стои во соопштението на ЈП Нискоградба Охрид.

Од Центарот за јавно здравје деновиве ќе извршат повторно изпитување на водата.Овој проблем се провекува со години наназад, добро е велат што има појас од тески и не дозволуваат да се прошират отпадните води во  езерото.

Росица Голабоска

Advertisements