Охридското езеро ни исчезнува пред очи за производство на струја, еколозите го вклучија алармот

Никаде во светот природните езера не се користат за производство на електрична енергија, наметнатите осцилации на езерото се опасни.Проблемот со кој се соочуваме во еден голем временски континуитет од ден на ден предизвикува се поголеми последици, алармираат експертите и предупредуваат да не се игра со природата. Со години укажуваат дека ЕСМ не смее Охридско езеро од природен резерват да го претвора во акумулационен базен.

  • Ние не можеме да ги трпиме последиците од некое несовесно или профитерско размислување на некаква компанија независно дали е приватна, државна или било каква вели Димитар Зарчев-граѓански активист.

Според последните мерења на ЕСМ,нивото денес изнесува  693.20 метри надморска височина што е на само 10 сантиметри до минимално дозволената кота. Големи површини од езерското дно остануваат суви,предизвикувајќи изумирање на многу ендемични растителни и животински видови.

  • Сите тие индуцирани осцилации на нивото на водата од Охридското езеро потпомогнати со ред други причини како што е забрзана еутофикација, деградација на живеалишта, узурпација некотролирана на брегот на езерото, предизвикува нереверзибилни последици врз живиот свет во истото –изјави Орхидеја Тасеска-дир на Хидробиолошки Институт.

Намалување на само еден сантиметар од нивото, значи губење на 3,5 милиони кубни метри од Охридското Езеро, кое е најголемиот природен басен со питка вода во овој дел на Европа.

  • ” Треба да има промена на политиките затоа што не’ очекува период и на климатски промени. Во услови на енергетска криза треба масимално да ги искористиме обновливите извори на енергија како на сонце и на ветер за да можеме да ја пребродиме оваа состојба ” велат Министерството за животна средина.

И додека од министерството за животна средина се правдаат,а експертите алармираат државата  да го заштити езерото,првиот човек на ЕСМ неодамна кажа дека од 10-ти октомври Охридско се користи за производство на струја и оти тоа ќе било исклучиво за системски и балансни услуги. Граѓанските активисти со апел да се затворат испустите на Дрим во Струга, бидејќи водата во езерото значително е намалена.

Росица Голабоска 

Advertisements

Поврзани вести