});

Откупот на ЕДС причина за препукување меѓу владата и опозицијата во Грција

Грчката опозиција продолжува да бара одговори за купопродажниот договор на ЕДС на вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев. Тие сакаат владтаа на Ципрас да каже зошто во период кога јавната компанија за електродистрибуција е во лоша финансиска состојба откупува компанија со негативен капитал. Дополнителни прашања отвора тоа што оваа компанија припаѓа на вицепремиерот на владата на Скопје, а договорот беше склучен два месеци пред потпишувањето на Договорот од Преспа, велат од Нова демократија.

Власта во Грција се брани, велат дека откупот на ЕДС од грчката државна компанија за електродистрибуција  бил едногласно одлучен од Управниот одбор на ДЕИ, за оваа стратегија било разговарано уште од февруари 2018.

Министерот за енергија и животна средина на Грција, Јоргос Статакис, во писмена изјава вели дека откупот на ЕДС од ДЕИ е познат веќе една година и бил во рамките на политиката на компанијата за проширување на Балканот.

– За оваа стратегија беше разговарано уште од февруари 2018 на Управниот одбор на компанијата и беше одлучено да започне процесот на откуп врз база на меѓународните стандарди што се следат во такви случаи. Процесот беше завршен во април истата година и беше одобрен од управниот одбор на компанијата.- изјави  Статакис.

Со соопштение реагираше и грчката компанија за електродистрибуција (ДЕИ) која ја купи ЕДС. Велат дека одлуката и стекнувањето со компанијата биле направени со целосна транспарентност и примена на правилата за корпоративно управување и станува збор за бизнис потег, за кој едногласно донесен од Управниот одбор. Додаваат дека продажбата на ЕДС била одамна најавена.