Откриен отпечаток од стапало на диносаурус на Антартикот

Германските научници тврдат дека на Антартикот е оставен отпечаток со големина на рака стар близу 200 милиони години.

Научниците откриле фосилизирано стапало од диносаурус, стар близу 200 милиони години, за време на експедиција на Антарктикот. Откриеното стапало го оставило животно од групата „Arhosaura“, изјави германскиот Сојузен институт за геологија и природни ресурси (BGR) во северниот град Хановер.

Точниот тип на диносаурус кој оствил вакваа трага засега не е јасен.

„Archosaurs„ се главно фосилни групи на организми (под-класа) кој ги вклучува во редовите на „Thecodontia“ и подредовите на „Pseudosuchia“ (пониски влечуги), како и диносаурусите, „Pterosaurs“ (летечки влекачи) и денешните крокодили.

Научниците го откриле отпечатокот во јануари 2016-та година во подрачјето на северниот дел на Викторија, но нивните наоди неодамна беа објавени во професионалното списание „Polar Research“.

Коски од диносаурус веќе биле откриени во јужниот дел на земјата, изјавил водачот на експедицијата „BGR“ Андреас Лауфер, но во северниот дел досега ништо не е откриено.

“Тоа беше нешто што не очекувавме”, изјавил за откривањето на фосилизираниот отпечаток на стапало.

Покрај тоа, научниците откриле фосилизирани остатоци на шуми околу 1.700 километри од Јужниот Пол.

“Тоа покажува дека Антартикот пред околу 200 милиони години не бил леден континент како што е денес”, додал Лаеуфер.