Откриена црната кутија на индонезискиот авион на „Лајон Ер“

Откриена е црната кутија на индонезискиот авион кој се урна во понеделникот во Јаванското Море, јави ДПА.

Нуркач го пронајде уредот на дното, на длабочина од 30 метри. Црната кутија е во добра состојба, објави „Метро ТВ”.

Авионот на „Лајон Ер“ се урна во морето во понеделникот, 13 минути откако полета од мународниот аеродром во Џакарта. Сите 181 патници и осумчлениот екипаж загинаа.