Откриена е причината за посетата на ќерката на Доналд Трамп- Тифани се лекува во Белград! (Фото)

Деновиве доста се шпекулираше за доаѓањето на ќерката на претседателот Доналд Трамп, а многумина нагаѓаа на што се должи оваа посета. Таа на аеродромот „Никола Тесла“ слета со еден од приватните авиони на американскиот претседател.

Имено, Тифани Трамп имала закажано преглед кај докторот Момир Дујнич во оделот на интегративната медицина, со цел да побара совети за подобрување на здравствената состојба, пишува Блиц.

Овој вид лекување, кој сеуште е во фаза на развивање на нашиве простори, е комбинација од најдобрите во научната медицина и клинички докажана комплементарна и традиционална медицина.

Тифани направи детален преглед во кој и биле дадени совети за тоа како да го подобри начинот на живот преку исхрана и физичка активност.

Бидејќи податоците за пациентите и нивните прегледи строго се чуваат во тајност, што да кажеме кога станува збор за ќерката на Доналд Трамп освен дека е невозможно да се дојде до повеќе информации, па поради тоа претпоставките продолжуваат овој пат за здравствените проблеми на Тифани.

„Не знам кој ве извести за ова, но не би сакал да зборувам на оваа тема“, кратко и јасно им порачал докторот Дујнич на медиумите кој притоа не демантирал дeка Тифани Трамп била негов пациент.