Откорнати дрвја, покриви, поплавени трговски центри, се санираат штетите во Скопје по вчерашниот потоп

Невремето што зафати делови од Македонија за помалку од 30 минути, направи пустош во Скопје. Во главниот град екипите цела нок работеа, обидувајќи се – да ги доведат во ред, клучните раскрсници, булевари, трговски центри – кои буквално, како да исчезнаа под вода. Цели дрвја, се откорнати од земја, и спружени по улиците. Од Центарот за управување со кризи велат дека добиле повеќе од 1.000 пријави. Социјалните мрежи се преплавени од видеа и фотографии. И утринава екипите беа на терен. Се сумираат штетите и се поправа она што може да се поправи.

Откорнати дрвја, покриви, оштетени возила, поплавени улици, трговски центри, домови, подруми. Ова е само дел од пустошот што зад себе го остави силното невреме кое го зафати Скопје, но и делови од Македонија.

По бурната ноќ поради силното невреме кое го зафати Скопје, утрово состојбата е стабилизирана, а службите работат на отстранување на последиците кои ги предизвикаа поројните дождови и силниот ветер.

Во главниот град екипите цела ноќ се бореа обидеувајќи се да ги доведат во ред клучните раскрсници, булевари, трговски центри кои буквално беа потонати под вода.

Денеска се расчистуваше шутот и откорнатите дрвја кои беа спружени по улиците.

Социјалните мрежи експлодираа со видеа, кои сведочеа за хаосот кој зафати делови од Македонија. Само во скопска Автокоманда фалеа и семафори на раскрсниците.

За паднатите дрвја, и покриви од зградите сведочат граѓаните, кои сиот пустош го гледале, немоќни да направат нешто.

  • Падна ова дрво, и не можевме ништо да направиме, беше страшно. Мислам дека беше ужасно, небо и земја се спои, но тоа е време, чекаме да се смини и да расчистиме се што ќе остави, велат скопјани за Алфа.

Граѓаните сведочат дека сликата била страотна. Дури сметаа дека климатските промени се поопасни и од Ковидот.

  • Ова беше страшно, и гледам како се да леташе во воздухот. Многу лошо. Климатскиве промени се многу поопасни од Короната, зашто против тоа не можеме ништо. И откако ќе се испразни времето, на нас постарите ни се олесува, велат граѓаните пред нашата камера.

Центарот за управување со кризи соопшти дека примиле 180 пријави од граѓаните кои, во најголем дел, се жалеле на поплавени простории од објекти, паднати дрвја, оштетени возила, но и срушени кровни конструкции.

Според ЦУК откорнати се повеќе од 30 дрва и оштетени се над 20 возила.

Градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска синоќа преку социјалните мрежи соопшти дека ги мобилизирала сите екипи и дека противпожарната бригада успеала да спаси над 20 лица од поплавите. Арсовска најави и дека ќе бара одговорност за „несоодветната атмосферска инфраструктура особено на ново реконструираните градски булевари каде се предизвикани најголеми штети.“

Во текот на ноќта, екипи на „Водовод“ работеле на исцрпување на насобраната вода и на одзатнување на атмосферската канализација на критичните места на скопските сообраќајници.

Повеќе граѓани со своите автомобили останаа заглавени во длабока вода на неколку критични подвозници во градот. Во неколку случаи интервенираа пожарникарите и полицијата. Градските служби веднаш интервенирале за расчистување на паднатите дрва на речиси сите поголеми булевари во градот.

Борис Грујоски