Откажана средбата на Помпео со Меркел

Американскиот Стејт департмент соопшти дека е откажан денешниот состанок на државниот секретар Мајк Помпео со германската канцеларка Ангела Меркел во Берлин.

Во соопштението до Стејт департментот се наведува дека состаноците на Помпео мора да бидат прераспоредени поради „жешки прашања“, но не се наведува кои.

Од кабинетот на Меркел и шефот на германската дипломатија Хајко Мас се уште ништо не е соопштено.

Помпео во Берлин требаше да допатува од Финска, каде учествуваше на состанокот на Арктичкиот совет.

Стејт департментот посочува дека Помпео наскоро ќе го посети Берлин