Отворено неверојатно футуристичко дело вредно 200 милиони долари (Фото+Видео)

Тоа не е зграда, но не е ни скулптура. Не е ни чисто уметничко дело, но сепак го обединува сето ова. Уникатен проект и вистинско футуристичко дело. Вака британскиот архитект и дизајнер Томас Хартвик го опиша своето ново ремек-дело Vessel.

Се работи за нова 45-метри висока конструкциска скулптура во луксузниот кварт на Њујорк – Hudson Yards на западната страна на Менхетен.

Имено, оваа уметничка конструкција во форма на чаша се состои од 2.500 скали, 80 платоа и лифт.

Покрај тоа, зградата може да прими околу 1.700 посетители, а целата изградба чинела 200 милиони долари.