“Отворено” на Алфа: Протоколарната посета на Папата Франциск на овој простор има политичка димензија

Протоколарната посета на папата Франциск на овој простор има политичка димензија, вели универзитетската професорка Котлар. Иако се очекува да бидат упатени христијански пораки на мир и соживот- сигурно ќе има и политчки пораки затоа што се си има свое влијание.

  • Сметам дека има некоја сериозна политчка насока со оглед на менторите односно политиките во однос на Преспанската спогодба. Поддршката доаѓа од круговите кои доаѓаат од католичкиот свет, помалку од протестантскиот, така што не гледам дека ова ќе биде само едно фино поздравување со папата и посета на домот на Мајка Тереза, туку сериозна заинтерсираност која ќе притиска во однос на менувањето на името, вели Котлар.

Професорот љупчо Ристовски исто така смета дека посетата наверојатно има своја позадина , а времето ќе покаже зошто Бугарија и Македонија како православни земји се на листата на папата.

  • Дали е ова нечија стратегија овие 27 години? Мислевме дека со 27 години независност завршивме се, но ова само што почнува. Македонија е длабоко поделена како нација исто како и синодот. Влегуваме во критична фаза, дали синодот ќе смогне сили да ги промени своите навики и да направат внатрешно сполотување – затоа што ако синодот е поделен каква порака испраќате до нацијата? Не е српската црква таа што се обидува да ја држи макекедонската православна црква или пак Бугарија. Факт е дека и кога српската црква правеше обиди, имаше подлога во владиците на МПЦ. Синодот на МПЦ треба да ја смени стратегијата и мора да зајакне одвнатре. Јасно е дека државите и владите секогаш се обидувале да присвојат моќ преку религијата. Но каква е правдата, кога дадовме 100 илјади македонски војници во втората светска војна и сега треба да кажеме дека Бугарија не била окупатор? Ние бевме победници и имаме право да кажеме дека сме свои на своето, вели универзитетскиот професор Ристовски

Професорите сметаат дека посетата на папата ќе има политичко влијание- но не очекуваат дека црквата ќе гради нова геостратегија во регионот. Има една разлика меѓу верата и религијата, вели професорот Ристовски и тоа е институционалниот свет. Аспирациите на политиките се да остварат влијание на државите, преку религиски систем да сакаат да наметнат свои . Сега имаме три различни движења и прашањето е дали имате скриени намери преку традицијата да го држите народот во покорност.