Отворени денови на општините – граѓаните ќе одлучуваат како ќе бидат потрошени нивните пари

Отворен ден со граѓаните и демократско носење одлуки за што ќе се трошат парите – градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ викендов добиваат предлози за идните проекти и програми што треба да се донесат за 2023 година.

Првиот човек на партијата образложи дека градоначалниците почнуваат со поинаков пристап до креирањето на буџетот во општините, односно дел од средствата кои што ќе се трошат ќе бидат практично изворно добиено како предлог од страна на граѓаните.

Транспарентно, отчетно, таков е пристапот на ВМРО-ДПМНЕ. Дарко кажа онаму каде што има општини со градоначалници од ВМРО-ДПМНЕ најпрво дадовме отчет пред граѓаните за тоа што се е сработено од минатогодишните локални избори до овој ноември, една година од мандатот во услови на тешка економска криза, во услови на голема опструкција од страна на централната власт, а сега веќе ги отвораме општините за да може граѓаните самите да дадат предлози кои што ќе ги реализираме во буџетот од следната година – изјави Мицкоски.

 Според градоначалникот на Општина Бутел Дарко Костовски ВМРО-ДПМНЕ била народна партија и секогаш заедно со народот ги носела одлуки што не е случај со другите политички партии.

Она што би сакал да го истакнам е дека ВМРО-ДПМНЕ е народна партија и секогаш заедно со народот ги носи своите одлуки што не е нели момент кој што го почитуваат и другите останати политички партии, особено оние кои што се на власт – изјави Костовски.

Настанот каде граѓаните ќе може да ги дадат своите идеи и предлози, на какви проекти да се посветат локалните самоуправи и на што да се трошат парите ќе трае и утре и следниот викенд.

Градоначалниците од таборот на ВМРО-ДПМНЕ претходно дадоа отчет за сработеното во првата година од нивниот мандат и се пофалија дека голем дел од ветените проекти веќе биле реализирани.

Адријана Алексиеска

Advertisements

Поврзани вести