Отворена уставната пандорина кутија: Попустливоста кон Бугарија, ги зголеми барањата и кај Албанците

Попустливоста на власта ја отвори пандорината кутија. Секој може да си бара што сака. Отворањето на Уставот со цел внесување на Бугарите, ги зголемија барањата и кај албанскиот политички блок. Се бара бришење на 20 проценти и негова замена со албански јазик во Уставот, со што би исполнил уште еден од клучните услови во Тиранската платфора.

Односно во Уставот нема повеќе да пишува македонскиот јазик и јазикот кој го говорат над 20 проценти од граѓаните, туку ќе пишува македонскиот јазик и албанскиот јазик, со што дефакто двата стануваат целосно еднакви во Македонија.

Условувањата од албанската опозиција доаѓаат во моменти кога власта на секој начин се обидува да обезбеди пратеници за отворање на Уставот и вметнување на Бугарите во него. Премиерот Димитар Ковачевски, пак без прецизен одговор дали ги прифаќа овие барања на Алијанса за Албанците и Беса, но бил отворен да седне на маса со сите и заеднички да се пронајде најдоброто решение со цел промени во Уставот.  

-Добро е дека се разговара за уставните измени, гледате дека се отвори дискусија, сметаме дека тоа треба да биде процес кој што се одвива како и до сега, низ процедура која што е пропишана согласно со нашите закони. Сметам дека треба да се седне на маса, сите да ги кажат своите претпоставки, сите да го кажат својот став во однос на уставните промени и да може на крајот да се дојде до решение кое ќе биде прифатливо за сите, изјави Ковачевски. 

Според универзитетскиот Владимир Божиновски, секогаш кога се говорело за менување на Уставот се протнувале барања, кои што немале врска со промените кои се предвидени. Сепак вели дека не верува дека ќе дојде до Уставни промени.

-Ова не е ново барање. Ние сме сведоци дека секогаш кога има најави за менување на Уставот ние гледаме дека се појавуваат барања кои што воопшто не се поврзани со таа промена на Уставот. Но прашањето е дали воопшто ќе се менува Уставот, од она што го слушаме од раководството на ВМРО-ДПМНЕ, ниту имаат таква намера, ниту ќе поддржат, вели Божиновски за Алфа.

При последната промена на Уставот, поради Преспанскиот договор, беше исполнето барањето на албанскиот политички блок токму за јазикот. Тогаш тој стана официјален на целата територија на Македонија, а не само во општините каде бројот на Албанци е над 20 проценти.

Матеја Петровски

Advertisements