Отворена меѓународна конференција за безбедноста на храната

Неопходна е поширока меѓународна соработка за да се спречи небезбедната храна, која го загрозува човековото здравје, да го попречува напредокот кон одржлив развој, порачаа светските лидери на воведната седница на Првата меѓународна конференција за безбедност на храната.

Конференцијата во Адис Абеба е во организација на Африканската Унија, Организацијата за храна и земјоделство при ОН, Светската здравствена организација и Светската трговска организација.

Храната заразена со бактерии, вируси, паразити, отрови или хемикалии предизвикува заболувања кај повеќе од 600 милиони луѓе и со 420.000 смртни случаи секоја година. Последиците од небезбедна храна ги чинат неразвиените и средни економии околу 95 милијарди долари годишно поради изгубената продуктивност. Поради тие закани, безбедноста на храната мора да биде цел во секоја фаза од синџирот на прехрана, од производство до жетва, преработка, складирање, дистрибуција, подготовка и потрошувачка, порачаа учесниците на Конференцијата.

Партнерството меѓу Африканската Унија и Обединетите нации е долготрајно и стратешко. Оваа конференција за безбедност на храната е демонстрација на тоа партнерство, изјави портпаролот на Африканската Комисија Муса Факи Махамат.

Околу 130 министри присуствуваат на дводневната конференција, вклучувајќи министри за земјоделство, здравство и трговија, но и водечки научни експерти, претставници на потрошувачи и произведувачи на храна, членови на невладини организации и лица од приватниот сектор.