Осум војници загинаа во напад на талибанци во западен Авганистан

Вкупно осум војници загинаа во напад на талибански милитанти врз воена станица во западниот дел на Авганистан, во областа Бала Булук.

Како што јави агенцијата Анадолија, заменик-претседателот на областа Фарах, Дадулах Кани соопшти дека талибанските милитанти ја нападнале воената станица во местото Аб Хурма во подрачјето Бала Булук.

Во нападот животот го загубија осум војници, а десетмина биле заробени од страна на милитантите.

Талибанската страна во соопштението тврди дека по нападот е воспоставена контрола врз воената станица.