Осумдесет пратеници гласаа за уставни измени и спроведување на договорот со Грција

Власта обезбеди двотретинско мнозинство и 80 пратеници гласаа за потребата да се пристапи кон уставни измени.

Драган Данев од ВМРО-ДПМНЕ побара пратениците да се изјаснат поединечно, бидејќи технологијата можела да затаи. Спикерот Талат Џафери повика службите да го донесат списоците и да се премине на поеднично изјаснување.

За гласаа и неколку пратеници од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, меѓу кои Љубен Арнаудов, Елизабета Канчевска Милевска, Сашо Василевски, Емилија Александрова, Крсто Мукоски, Нола Исмајловска Старова, Владанка Авировиќ и Зеќир Рамчиловиќ.