Осудените за 27 април со пораки до судот

„Не се плашам од затвор. Вие не осудивте, ама историјата ќе не ослободи. Еден ден ќе огрее и сонцето на слободата“ – ова беше дел од реакцијата на Јане Ченто, откако судот му определи казна од 15 години затвор.

Игор Југ, пак на судијката Добрила Кацарска и порача дека бил понижен од висината на казната. „Требаше и јас, како и останатите, да добијам 15 години затвор“, рече тој.

Шефот на обезбедувањето на поранешниот собраниски спикер вели дека нема намера да бега, оти тој во оваа постапка сам се пријавил во судот.

Куќен притвор до правосилност на пресудата побара и Мунир Пепиќ. Тој вели дека за него најголемо задоволство било да биде дома со децата.

„Немам намера да ги срамам моите двајца синови, дадениот збор дека нема да бегам нема да го прекршам“, порача и Абдулфета Алими, член на обезбедувањето на Парламентот. Тој рече дека нема да живее 200 години за да си дозволи да бега и дека одењето в затвор не значи крај на животот.

Биљана Божиновска