Оставките депонирани до Ковачевски – нова епизода од театарската претстава наречена „оставки на ДУИ“
Нов ден нова претстава од министрите на ДУИ. Еден по еден на социјалните мрежи се фалат дека ги потпишале условените оставки и ги доставуваат до премиерот.
За политичките аналитичари оставките се уште нова театарска претстава на партијата на Ахмети – дека наводно интегративците се спремни да ги жртвуваат минситерски позиции, само за напредокот на земјата. Наместо за уставните измени, ДУИ да се залагаше за катастрофалните резултати во секоја сфера, некој ќе им поверуваше на тврдењата дека се залагаат за европска иднина.
- „Во суштина тие не се загрижени, што довербата во судството е нула проценти, не се загрижени што нивни високи функционери се на црната листа на САД, не се загрижени што корупцијата владее во Македонија, загрижени се за напредокот. Повторно, ќе кажам ова е театар, сакаат да го отргнат вниманието, а тоа е дека оваа влада, посебно минитрите од ДУИ, особено министерот за надворешни со нереагирањето кога се гази нашиот идентитет“ вели Синиша Пекевски.
Пекевски потенцира дека владата е спремна на се, само да го исполни тоа што го ветила и потпишала, и покрај тоа што ја нема поддршката од народот.
- „Мене ми е страв дека владата ќе посегне по најнепосакуваното решение, и ќе го направи истотот што го направи и минатиот пат при промена на имато на Македонија. Верувам дека овој и внесувањето на Бугарите во Уставот. Ако треба пат нема да им успее, бидејќи 99 проценти од народот е против уставните иза се направи нешто треба и од другата страна нешто да добиеме. Давањето само од наша страна води кон пропаст“ вели Пекевски.
А за да не ги остави сами во најавеното заминување министрите од ДУИ, и спикерот на Собранието, Талат Џафери, трвди дека и тој би се повлекол од функцијата, доколку ВМРО-ДПМНЕ ги поддржи уставните измени. Но, опозицијата јасно потенцираше дека предлогот за влада на национално единство без ДУИ беше врзан со одложено дејство на уставните измени. Власта имаше доволно време да одговори, но не го стори тоа по што опозицискиот лидер Христијан Мицкоски пред еден месец рече дека предлозите што ги даде партијата на лидерскката средба веќе не се на маса.