Османи се демантира самиот себеси: Никогаш не кажал дека ќе има меѓуетнички конфликт

Министерот за надворешни работи Бујар Османи не смета дека се заканувал кога на јавна сцена зборуваше дека неприфаќањето на Францускиот предлог ќе предизвика меѓу другото и меѓуетнички тензии. Тоа што целата јавност го слушна и за што бурно реагира – и со право, со оглед дека доаѓа од устата на министер во Владата и тоа за надворешни работи, за Османи било спинување и вадење од контекст.

Се закани со тензии, па по два дека вели дека такво нешто не кажал. Шефот на дипломатијата Бујар Османи кој во саботата пред јавноста зборуваше дека неприфаќањето на францускиот предлог меѓу другото ќе предизвикал и меѓуетнички тензии реагира дека неговата изјава била спинувана и извадена од контекст.

  • Конструкција е тоа дека ќе има меѓуетнички конфликт. Никогаш не сум кажал дека ќе има меѓуетнички конфликт, тоа е спин. Јас не правам разлика помеѓу албански и македонски прашања. Има семејства на кои им е недостоинствено да земат бугарски пасош, но мора да земат за да ги школуваат децата. Ако ние им ја земеме надежта дека нашиот пасош нема да биде европски, младите ќе почнат да бегаат, ќе почне да се губи хармонија меѓу населението,“ изјави министерот за надворешни работи Бујар Османи во „Студио 10“ на Телевизија 24.

Изјавата на Османи предизвика бура реакциина осуда во јавноста и критики дека е недозволиво тој, како министер за надворешни работи да испраќа вакви предупредувања во вакви критички моменти. Што точно тој всушност кажа го регистрираа и камерите не медиумите.

  • Ако ние кажаеме „НЕ“, ако Албанија ги почне преговорите, ако народот сфати дека нема иднина, верувајте дека илијадници ќе почнат да земаат пасоши од соседството, илијадници ќе донесат одлука да заминат и да ја напуштат државата затопа што нема иднина. Ќе почнат тука тензии меѓуетнички, ќе почнат тензии меѓу различните категории граѓани. Ќе ја имаме најтешката криза оваа година, рече Османи.

Поп острите критики во јавноста Османи и денеска продолжува да го брани и промовира Францускиот предлог кој тврди дека бил довар за државата и отварал перспективи. За внесувањето на Бугарите во Уставот, Османи смета дека ќе го има потребното 2/3 мнозинство. Дури е сигурен дека ќе имало ни повеќе ни помалку 118 гласови од пратениците.

Критиките на јавноста за содржината на Договорот дека води кон целосна бугаризација според него се само погрешна перцепција. Неговите колеги од ресорот со кој што раководи веќе бараат тој да си поднесе оставка. Македонскуиот дипломатски синдикат инсистира Османи да замине поради како што велат свесното уништување на македонската дипломатија.

Борис Грујоски