Османи претстави план од 9 точки за деескалација на состојбата на Косово

Претседавачот со ОБСЕ и министер за надворешни работи, Бујар Османи, денеска во Скопје беше домаќин на шефовите на Мисиите на ОБСЕ во Србија, Косово и во Скопје, амбасадорите Јан Брату, Мајкл Девенпорт и Килиан Вал.

Состојбата на северот на Косово и односите помеѓу Белград и Приштина беа темите во фокусот на средбата. Османи пред амбасадорите на ОБСЕ го презентираше планот од 9 точки кој треба да помогне за деескалација на состојбата и да придонесе за постигнување траен мир и стабилност, како и за враќање на косовските Срби во институциите и во демократските процеси.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста