Османи не чувствува одговорност за целосниот неуспех на владината политика во однос на ЕУ

Владата не чувствува одговорност што ниту до крајот на француското претседателство Македонија најверојатно нема да добие датум за почеток на преговорите со Европската Унија. Шефот на дипломатијата, бил задоволен со политиките кои ги води иако евроинтегративниот пат на Македонија е закочен. За Османи, прашањето дали треба да има одговорност за се поизвесното НЕ за Македонија, било политичка реторика.

Има два вида на прашања, дали ако потпишете договор ќе поднесете оставка, зошто некои од граѓаните, од политичките партии не го прифаќаат тоа ќе го сметаат за неприфатливо, или ако не успеете. Нема средина, или потпишувате договор, или не почнувате преговори. Мислам дека тоа е политичка реторика, и не ја одразува суштината на овој процес. Државата успешно ги претставува интересите на граѓаните, притоа задржување на поддршката од сите во услови на еден асиметричен однос. Јас сум горд на нашата дипломатија, прашањето е на ЕУ и на Софија – изјави министерот Бујар Османи.

Власта на почетокот на секое претседателство со Европската Унија, уверува дека ќе се отвори евроинтегративниот пат, но на терен сликата е поинаква.. Иако се уверуваше дека до крајот на француското претседателство, работите барем малку ќе се поместат, уште едно НЕ ни стои на патот.
Оптимистички изјави имаше и при крајот на претходните претседателства.. Лани ова време кога завршуваше португалското претседателство, претседателот Пендаровски изјавуваше дека добрата вест била што завршува претседавањето на Лисабон а започнува на Љубљана, надевајќи се дека Словенија како близок пријател на Македонија ќе има поголемо влијание. Сепак, кон крајот на минатата година, заклучоците на ЕУ беа усвоени и Македонија остана без датум.
По истиот принцип, исчезна временската рамка која налагаше да се најде решение за блокадата на преговорите и до крајот на француското претседателство, а власта, барем за сега не чувствува одговорност.
За разлика од сега кога сите бегаат од одговорност поради крахот на надворешната политика, во 2019-та кога Франција го спречи датумот за Македонија, беше доволен повод Заев да распише предвремени избори, веројатно затоа што тогаш му одговараше климата за таков потег.

Адријана Алексиеска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста