ОСМАНИ: Не знам дека Еуровиа е донатор на ДУИ, слушнав од медиумите

Милионската инвестиција во ВИП Арената Борис Трајковски  за која уште не се знае што од вложеното ќе се изнајмува само за советот на министрите на ОБСЕ , а што ќе остане на користење, за министерот Османи е законска и нема корупција.

Тој појма немал и од медиумите слушнал дека сопственикот на Еуровиа е главен донатор на ДУИ за ланската година. За луксузната конференција најавена за декември за која од државниот буџет се испумпаа 5 милиони евра, вели дека е значаен меѓународен настан и како држава треба да престанеме да се брукаме.

Министерскиот совет на ОБСЕ со која Македонија ќе претседава, пиар агенцијата Рејтинг веќе од јануари го промовира за 120 илјади евра, иако и Владата и МНР имаат пиар служби со службеници,фотографи и сниматели. Но, за Османи тоа не се залудно трошење пари бидејќи станувало збор за имиџот на нашата држава.

Додека Османи ја убедува јавноста во законитоста на тендерската постапка, првиот човек на организиран криминал ниту гледа ниту слуша за скандалозниот тендер на главниот донатор на ДУИ, Елмедин Адеми. Ислам Абази е во работна посета на Косово кај колегата од Специјалното обвинителство за размена на искуства.

Антикорупционерите отворија предмет за Еуровиа, но јавноста тешко дека ќе види разрешница на случајот со оглед на тоа што обвинителството на Абази јавно и им ја откажа соработката.  

Во меѓувреме, Еуровиа на терен активно работат внатре и околу спортскиот центар. Согласно договорот со МНР вреден 1, 8 милиони евра тие ќе изнајмуваат ентериер и електрична опрема, а комплетно ќе ги реновираат тоалетите.

Освен 120 илјади за Рејтинг и 1, 8 милиони за центарот Борис Трајковски, на министерот Османи му остануваат уште 3 милиони евра за хотелско сместување и вип возила на 70 министри на ОБСЕ и нивните делегации.

Османи од Владата за организација на конференцијата побарал дури 8 милиони, но на владина седница му одобрила 5 милиони евра.

Паула Костадиноска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста