Османи не гледа проблем: Да не се фаќаме за Северномакедонци, да бидеме горди и среќни што дошла Фон Дер Лајен

-Длабоко сум убедена дека Северномакедонците конечно ќе се обединат, ни порача Урсула Фон Дер Лајен.

-Во целата нејзина прес конференција она беше толку коректна, кажа Османи.

Требало да бидеме горди и среќни што дошла во Македонија, а не да се фаќаме дека не нарекла Северномакедонци, порача министерот за надворешни работи Бујар Османи, коментирајќи ја изјавата на претседателката на Европската Комисија, Урсула Фон Дер Лајен, која наместо Македонци, кажа дека била убедена дека ќе се обединат Северномакедонците.

-Да ни доаѓа на секој месец во една мала држава каква што е Македонија. Нешто што го посакуваат големите држави да ја имаат Фод Дер Лајен во нивните земји и да покаже таков интерес, да има такви прес конференции по однос на тоа што нас ни е важно, по тоа што јазикот станува еден од службените јазици, дека припаѓата кај нас и еден лапсус од тоа да создадете анимозитет кон тој интерес што го покажува, изјави Османи.

Проблематично е што овој лапсус не е изолиран случај, туку се почесто се случува за странците да сме Северномакедонци. Според Османи сме требале да ја проголтаме оваа кнедла, бидејќи европејците покажувале интерес за нас.

-Еве гледајте хронолошки колку пати ни дошол претседател на Европската комисија во нашата држава. Значи тоа се важни прашања, во кои што не смееме заради тука наши меѓусебни да ги злоупотребиме. Затоа барам таков договор за Европската Унија, во тој договор влегувате и вие, влегува и цивилното опшстество, во тој договор влегува и академнското опшстество, изјави Османи.

Во моментите кога не нарече Северномакедонци, до Фон Дер Лајен стоеше премиерот Димитар Ковачевски. Сепак не се реши да ја поправи или да изреагира дека сме Македонци, а не како што не нарече првиот човек на Европската Комисија.

Матеја Петровски

Advertisements