Османи за ВМРО-ДПМНЕ: Со нив или без нив уставни измени ќе има, имаме План-Б
Со ВМРО-ДПМНЕ или без, уставни измени мора да има. Ако не успее планот, да ја убедат опозициската партија да гласа за уставните измени, имало План – Б. Обелодени министерот за надворешни работи Бујар Османи. Уште еднаш ја повтори понудата до Христијан Мицкоски. Да ги гласаат за уставните измени и ДУИ веднаш штом ќе почне да важат, ќе ја напушти Владата. Условот на интегративците е веќе познат, уставните измени да почнат да важат пред втората меѓувладина конференција, а откако тие ќе ја напуштат владината коалиција, да почне детална истрага за сите политички партии, без исклучок, почнувајќи од лидерите па се до сите партиски функционери.