Османи е против европска политичка заедница која ја заговара Mакрон

Македонија не се гледа како дел од новонајавената посебна европска заедница која ја промовира францускиот претседател Емануел Макрон чија цел е да го преиспита политичкиот простор. Министерот за надворешни работи Османи вели дека таквиот предлог не се однесувал за нас, а земјите од Западен Балкан треба да продолжат во процесот кој веќе го имаат започнато.

Но како до ЕУ во услови на блокада од Бугарија за која власта нема одговор, а нема ниту чувство за одговорност за неуспехот? Османи не гледа причина за конкретен чекор од негова страна. Наместо повлекување од функцијата,  шефот на дипломатијата вели дека оставката е сценарио кое го посакувала опозицијата, но граѓаните не делеле такво мислење. Воздржано вели дека рокот кој им го постави на бугарските челници не требало да биде како сфатен како ултиматум, туку како проценка на ситуацијата и последна шанса за решение.

По посетата на Бугарија, австрискиот министер за надворешни работи Александар Шаленберг денеска од Скопје порача дека решението за бугарсккото вето е можно до крајот на летото, деловите биле договорени само да се склопела сложувалката.

Иако шефот на австриската дипломатија оптимистички најавува решение во периодот кој следува, сепак бугарските челници не се повлекуваат од од цврстите ставови. Претседателот Радев и министерката Генчовска условуваат – прво вметнување на Бугарите во македонскиот Устав, па исполнување на пакетот барања, а дури потоа можно кревање на рампата за македонските интеграции.

Ивана Соколовиќ Најдова