Османи го спори правото на граѓаните на референдум, според него за Договорот со Бугарија ниту може, ниту смее да има референдум

Ветувањата и уцените од Бугарија кои се темелат на Договорот за добро-соседство, се над волјата на народот. Овој заклучок може да се изведе од ставот на министерот Османи дека референдум за овој договор ниту може, ниту смее да има. Тој бил еден од столбовите на евроатлантска Македонија, заедно со договорот од Преспа за промена на името и Охридскиот рамковен и затоа не смеел да се допира. Отиде до таму што изјаснувањето на сите граѓани за иднината на државата го нарече еднонационален референдум, како на Албанците во Македонија да им е забрането да излезат да гласаат за или против.

Дел од експертска јавност смета дека власта со отфрлањето на иницијативата за референдум само ја компликува состојбата, затоа што сега опозицијата ќе бара во случајот да се вклучи и Уставниот суд, кој во моментов е речиси блокиран. Процесот сега ќе трае долго но нема да има никаков епилог.

ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесат жалба до Уставен суд но дали ќе може да се очекува разврска не се знае, бидејќи Уставниот суд во ваква ситуација каква што е сега, не е доволно способен тоа да го прави, поради негова некомпетентност, и поведат иницијатива, па Уставниот суд ќе се вмеша во ова и тоа ќе трае долго но нема да има никаков епилог – вели поранешниот претседател на Уставен суд Трендафил Ивановски.

Опозицијата, но и дел од експертите остро реагираа дека спикерот Џафери не смееше на таков начин, во улога на уставен судија, без некое потемелно објаснување да ја одбие иницијативата, и тоа повикувајќи се на член кој се однесува на меѓународни договори. За поранешниот претседател на МАНУ, Владо Камбовски темата за укинување или поништување на меѓународните договори е комплексна и за тоа треба да се има поширока расправа.

Прашањето треба да се разгледа покомплексно, треба да се разгледа тој меѓународен аспект, а потоа во однос на внатрешните рефлексии, и механизми, како да се покренат такви иницијтив и за укинување на такви договори, тоа е прашање на друга експертиза – вели академик Владо Камбовски.

Истиот ден кога Џафери ја отфрли иницијативата за референдум, голем број од аналитичарите реагираа дека во Собрнаието владее самоволие и дека собранискиот спикер како прв меѓу еднаквите направил нешто за што нема ингеренции – односно, ја оценуваше уставноста на самата иницијатива.

Ми личи дека е сосема неиздржана одлуката, бидејќи тој не е надлежен да цени дали иницијативата е уставна, си има уставен суд, а вмро најверојатно уште денеска ќе поднесе пријава за оценка на уставноста и ќе испадне дека не е неуставна. ако вмро решиле да има референдум тие ќе соберат 150 000 потписи нема да може да се отфрли дека во уставот  е предвидено за било кое прашање за кое ќе се соберат тие потписи без оглед дали тоа е за меѓународен договор сепак тоа е највисокиот акт на гласање – изјави пред два дена аналитичарот и директор на МЦМС Александар Кржаловски.

Откако беше отфрлена Иницијативата на ВМРО-ДПМНЕ, дел од партиите најавија дека ќе поднесе нова, а доколку и таа биде отфрлена, ќе пристапат кон целосни блокади во Собранието заедно со пратениците на ВМРО-ДПМНЕ.

Адријана Алексиеска