Османи: без Европската Унија губиме кислород


Без Европската Унија како општество губиме кислород и не смееме да ја испуштиме шансата – вели министерот за надворешни работи Бујар Османи, но, истовремено и признава дека има големо разочарување кај граѓаните на земјите од Западен Балкан, бидејќи ниту една земја не станала членка на ЕУ… Сакајќи да ги оправда уставните измени, кои на патот кон Унијата се главната кочница но не и единствена, Османи рече дека граѓаните ќе имаат големи придобивки не само од членството на земјава во ЕУ, туку и за време на самата интеграција. Говореше за фазно интегрирање во политиките, но и пристапот до фондовите и пазарите на ЕУ… Османи повика на јавни дебати за уставните измени, идеи и сугестии и ја обвини опозицијата за политиканство и нефер однос кон граѓаните.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста