Освен кривична, ќе се бара и политичка одговорност, Собранието формира анкетна комисија за онкологија
14 пратеници, шест на ВМРО-ДПМНЕ, пет на СДСМ, два на ДУИ и еден на Алијанса за Албанците, треба да утврдуваат дали има политичка одговорност во скандалот со онкологија. Власта , под притисок на опозициската ВМРО – ДПМНЕ формира анкетна комисија која треба да утврди дали се загрозени основните човекови права на пациентите што се лекувале од моментот на ставањето надвор од употреба на КАТО-системот за подготовка на цитостатиците. Комисијата најдоцна по еден месец од завршувањето на својата работа ќе треба да му поднесе конечен извештај на собранието.
Опозицијата бараше оваа точка веднаш да биде ставена на расправа, но собранискиот спикер одлучи дека за тоа немало услови .
Собранието треба да го разгледува и ревизорскиот извештај за работењето на Онкологија, на барање на опозицијата. Владејачката коалиција за ова се подели – дел од пратениците беа ЗА, а дел ПРОТИВ, но на крајот се собраа доволно гласови.
Сепак, опозицијата бараше и за ова да се расправа веднаш, но мнозинството не прифати.
На собраниската седница која е прва по онаа на 18-ти август, пратениците изгласаа и бројни закони по скратена постапка, а она што е топ тема и врвен приоритет за јавноста и државата е оставено за понатаму,
Пратеничката група на ВМРО – ДПМННЕ поднесе барање денеска да се гласа и потребата од Уставни измени, но собранискиот спикер ги одби со оправдание дека имал дискреционо право на тоа.
Кристина Алексиеска