Осака се повлече, мечевите на Синсинати одложени за петок

Спортскиот бран на бојкот поради расната нееднаквост во САД се преточи и на тенискиот Мастерс во Синсинати. Официјална потврда за оваа одлука заеднички донесоа АТП, ВТА и Тениската Федерација на САД. Денешните натпревари ги одложија, а со турнирот продолжуваат утре. Ова доаѓа веднаш по одлуката на јапонската тенисерка, Наоми Осака да се повлече и да го предаде полуфиналниот меч на Мертенс. Белгијката во финале ја чека подобрата од утрешниот двобој на Конта и Азаренка. Во машка конкуренција, утре во полуфиналето се среќаваат Ѓоковиќ-Баутиста и Раониќ-Циципас.