Орце Ѓеорѓиевски нема да плати ниту денар од казната од 90 илјади евра, Арсовска нема ингеренции да казнува во Сопиште и во Студеничани

Данела Арсовска излегува од своите надлежности и се заканува со казни. Нема да биде платен ниту денар за глобата од 90 илјади евра што Град Скопје сака да ја наплати од Општина Кисела. Градоначалникот Орце Ѓеорѓиевски вели дека Данела Арсовска нема ингеренции да испраќа инспекции во близина на Дрисла која е на територија на општините Сопиште и Студеничани.

„Таа може да стане утре и да влезе во филм дека е министер за внатрешни работи па да почне да казнува народ по улици и да апси народ. Таа нема капацитет, не знае да се справи со проблемите ниту ја знае територијата со која администрира“, вели  Ѓорѓиевски.

Депонијата Дрисла во неделата не им дозволи на камионите на општина Кисела Вода да го одлжат сметот кој собраа поради штрајкот во Комуналец, по ова ѓубрето беше депонирано во близина на главниот влез.

Орце Ѓеорѓиевски вели дека претходно немало никаков проблем и дека сето ова е масло на Данела Арсовска која сака да се испере за сопствената неспособност и да се обиде да ќари некој ситен политички поен. Првиот човек на Кисела Вода додава дека се кае што некогаш дал поддршка за актуелната скопска градоначалничка.

„Ако ja боли и фрустрира тоа што не знае да дојде да ја научиме, за мене не е проблем бидејќи кога станува збор за доброто на граѓаните јас немам проблем со работа, вели Ѓеоргиевски.

Општина Кисела вода се уште не ја добила казната, градоначланикот вели дека потоа правниот тим ќе ја разгледа и не ја исклучува ожноста доколку има основани сомневање да биде покрената кривична против градоначлничката и директорот на претпријатието Дрисла.

Паула Костадиноска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста