Оризопроизводителите се прошетаа до Министертво за земјоделство, ништо од ветувањето за повисока откупна цена

Оризопроизводителите од кочанско се уште чекат на конкретни решенија за повисока откупна цена. На вчерашната средба во Министерството за земјоделство им бил само презентиран официјалниот трошковник за производната цена за нивната култура, но не и ветување дека оризовата арпа ќе се откупува по цена од 40 до 45 денари.

Конечно решение нема! Во текот на неделата средба ќе имат со откупувачите, па уште една средба со нас, па како ќе биде понатаму не знам. Конечна одлука нема! Уште едно две средби мора да има, да се испеглат сите работи и натамуизјави Здравко Арсов од Иницијативниот одбор

Утврдена е и производната цена. За да се произведе килограм арпа  се трошат 27денари. Прифатливо за оризопроизводителите би било арпата да се откупува од 30 до 35% повисоко од производната цена. Со ова само би се смириле страстите, посочуваат од иницијативниот одбор.

Испод 40 денари цена не се живее. Тоа е многу минимално, ако еден леб веќе е 100денари. Мислам дека нема да биде доволно , но моментално ќе се смират страстите. А инаку ако е доволно, не е доволно. Сигурно! – изјави Здравко Арсов од Иницијативниот одбор.

За земјоделците, годинава е една од најтешките. Цените на репроматрејалите и нафтата скокнаа неколку кратно, а откупната  е пониска од производната цена. Оризопроизводителите се категорични. Доколку  се донесе решение кое за нив е неприфатливо, повторно ќе ги активираат протестите.

Advertisements