Оризопроизводителите најавуваат масовни протести

Ова не е политички протест, туку борба за егзистенција, порачаа оризопроизводителите од Кочанско кои  утре со трактори, кај Облешево, ќе го блокираат регионалниот пат Штип-Кочани. Барат итна средба со преставници од власта, во спротивно остануваат на патиштата на неодредено време. На утрешната барикада повикаа да им се приклучат и останатите земјоделци, како и пратениците.

 „Протестот го предизвика Владата. Ние сме социјален случај во државата. Ние немаме минимална плата од 18.000„-изјави Здравко Арсов од Иницијативниот одбор.

  „Немаме остварено никаков дијалог. Владата нема слух за нашите проблеми. Ние мора да живееме, мора да ги плаќаме нашите сметки, трошоци. Презадолжени сме поради ниската откупна цена, а преголемите трошоци„ изјави Стојче Ташовски од Иницијативниот одбор за спас на оризопроизвоството.

Новите цени на ѓубривата и нафтата до просјачки стап ги доведе земјоделците. Сегашната откупна цена е нерентабилна, затоа бараат оризовата арпа од новата реколта, се продава по цена од 40 денари.

 „Со овие трошоци, вештачките ѓубрива се покачени за 250-30%и се што е потребно за производство на оризот за 200пати е зголемено. Нашите барања се следните -40денари оризова арпа и 80денари белиот ориз„-изјави Здравко Арсов, Иницијативен одбор за спас на оризопроизводството.

Оризопроизводителите неколкупати излегуваа на протести, но решение на нивните барања не се најде.

За помалку од два месеци ќе стартува новата жетва, па поради тоа  барат проблемот со ниската откупна цена се реши час побргу. Годинава под ориз се посеани над 4.500 хектари и се очекува принос од околу 22.000 тони оризова арпа.

Александра Ристевска